Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Горан Михајловски за СДК:
Власт што ги поттикнува своите граѓани единствена амбиција во животот да им биде државна плата не може да се нарече реформска.
-Власт што ги поттикнува своите граѓани единствена амбиција во животот да им биде државна плата не може да се нарече реформска.
Овие од СДСМ имаат намера да го тепаат ВМРО-ДПМНЕ со нивното оружје. Мицкоски со конкурс за кандидат за претседател на државата. И Заев со конкурс со кандидат за претседател на државата. СДСМ го глуми ВМРО-ДПМНЕ. Двете партии глумат демократија. Сите ние глумиме лудило. Само ДУИ глуми разум.
Не знам само дали е паметен тој што се јавува на партиски оглас за шеф на држава. Или е будала тој што нема да се јави на оглас.
2На два месеца до изборите за претседател на државата, двете најголеми партии не знаеле кој ќе им биде кандидат. Во Македонија, каде што на локални избори со уште непреброени гласови се знае кој е кандидат за директор на некој Водовод и канализација во Свирипичино, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ решиле на претседателските избори да ни создаваат мит за натпартизам.
Не знаат кој ќе биде претседател на државата. Ама сигурно знаат кои ќе бидат заменици директори на државните институции и јавните претпријатиа што мора да ги има, оти Собранието донесе закон.
Не помина ни еден саат откако министерот за надворешни работи Никола Димитров во Брисел го потпиша Пристапниот протокол за влез во НАТО и власта во Скопје се фати со најприоритетните реформи. СДСМ и ДУИ во Собранието изгласаа закон со кој во државните институции ќе има заменици директори. Мора да се отворат добро платени државни работни места за разни беси, меси, сдсма, домови, либерали, демократи, еманципатори, независни вмровци, па и за зависните вмровци ќе има место ако затреба…
Не за џабе Никола Димитров цело време вика: „Ќе нѐ биде!“. Е, бивало ли НАТО без заменици директори?
3Бивало ли НАТО и без да се вработат децата на функционерите во државна администрација и државни фирми?
Пратеничката од независната група на ВМРО-ДМНЕ Емилија Александрова ја вработила ќерката во државниот Фонд за иновации. И кога медиумите тоа го објавија, таа изјави: „Разочарана сум од тоа како медиумите ги третираат семејствата, децата на јавните личности“.
Таа е разочарана!? А граѓаните што ги претставува и што ѝ даваат плата и нејзе и на ќерка ѝ, не се разочарани. Навредена е оти граѓаните прашуваат за своите пари. Башка, не прашуваат за ќерка ѝ. За неа прашуваат. Оти таа е пратеник. Неа ја бирале на избори. Или баш ѝ е гајле. Оти, таа своето гајле си го пребрала. Впрочем, како и други нејзини колешки и колеги, пратеници и други државни функционери. Само, не знам што е попоразително. Кога пратеничка се разочарува од прашања на јавноста како баш ќерка ѝ била квалификувана за државна служба, или кога министерката за одбрана Радмила Шеќеринска ќе каже дека Македонија е мала држава и сите се или роднини, или пријатели.
И како баш роднините на функционерите наоѓаат добра работа на државна плата кога блиските им се на функција, а не добиваат кога не се на функција?
Колумната во целост прочитајте ја на следниов ЛИНК.