Пристојноста наспроти „десните гуланфери“

Важно е само да се каже дека ваквите работи ги прави најобичен џган. Па, така и го препознаваш џганот: тој линчува – физички или симболички – го граба поединецот поради било која причина, и тоа го прави секогаш анонимно, во толпа, суштински невидлива, без разлика дали делува во реалниот или во сајберпросторот.

Во денешна Северна Македонија, која и де факто и де јуре е слободна земја, цела низа од јавни личности станаа цел на македонските националисти. Беше тоа пред неколку месеци, ми се чини септември или октомври минатата година. Возев точак, слушалките ми беа на уши, вреска во заднина Дејвид Греј кога ми заsвони мобилниот телефон. Мој драг пријател, голем џентлмен и пристоен човек ме прашува дали сум добро. Хм, мојот пријател е умерено нормален човек, не прашува за здравјето на својот пријател без некоја особена причина. Но, како што разбрав малку подоцна, некои глодури на интернет во тие паратаблоидни облаци напишале: некој го удрил лицето Н.Ј. поради неговата голема муцка која провоцира „домаќини луѓе“ и „вистински љубители на својата таткојна“. Му реков на мојот пријател дека со мене е сѐ во најдобар ред, возам точак, испивам кафиња и пушам цигари со големо здравје, така му реков. Имено, кога го завршив разговорот, телефонот повторно ми заsвони… Ми се јавуваат уште луѓе, сите ги убедувам дека сум добро, дека никој не ме нападнал, дека се работи за измислици. Некои, пак, без разлика што звучев уверливо, сепак не ми веруваа.

Битанги по општа практика

Не помина многу време сфаќам дека сум отстрана или можеби во епицентарот на едно големо срање. Се јавив на моите драги: еј, добро сум, во желба да ги запрам грозните последици. Што ќе беше ако лагата стигнеше многу побрзо од мене, па да предизвикаше вистинско лудило? За тоа не сакам ниту да размислувам.

Знам за каква сорта луѓе се работи, има една група „скопски“ никој и ништо, битанги по општа пракса. А зошто тоа го прават? Од каде да знам, тешко е човек да проникне во тајните на социопатскиот ум. Причините може да бидат „лични“, а може да бидат и „политички“, дури може да бидат и разгалено инфантилно играње со пресериозни работи, а богами може да биде и сево ова заедно. На крајот на краиштата, не е ниту важно. Важно е само да се каже дека ваквите работи ги прави најобичен џган. Па, така и го препознаваш џганот: тој линчува – физички или симболички – го граба поединецот поради било која причина, и тоа го прави секогаш анонимно, во толпа, суштински невидлива, без разлика дали делува во реалниот или во сајберпросторот.

Христијан Мицкоски има сурија од вакви паразити, може да ги наречеме Anonymous Motherfuckers (мислам дека така се викаат, не?). Таквите „анонимни мамоеби“ никогаш нема да ги тестираат „професионалните медиуми“, а сите многу добро знаеме дека медиумите – и оние за кои „тепаме“ дека се сериозни – наседнуваат на „патки“; oние луѓе кои се во таа професија многу добро знаат за што точно зборувам. Затоа работата всушност се сведува на малигна, злобна желба некому да му се нанесе штета, страдање, срам или нешто слично. Медиумите, тука, неретко можат да послужат како несвесен сојузник.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e