-После првата најава – макар и со „половина уста“ – дека вирусната епидемија е (навистина?) ставена под контрола и дека на почетокот од мај може да се очекува попуштање на општонародниот карантин, очекувајте дека во Македонија се враќаме на омилената општествено-политичка тема: избори!
Како што стојат работите, за таа демократска вежба ќе се бара датум на крај од јуни, почеток од јули, бидејќи летнава сезона за одмори, ако воопшто ја има, ќе се „нагнети“ накај август… А и со техничкава влада, која доби мандат вон секоја претпоставка кога се формираше, сме на крај од нервите.
Тоа значи дека дневните здравствени билтени, околу кои два-три месеци се вртеше севкупната општествена драма во земјава, за неколку недели, ќе станат здодевни и дел од едно минато што најголем дел од граѓаните ќе сакаат да го потиснат од памтењето. Со неа ќе заминат во бледо сеќавање – да, да, нациите имаат необично кратко памтење за непријатните настани од својата блиска историја – и сите херои, од врвот на власта, до „обичните“ професионалци низ здравствениот систем кои покажаа (и сè уште покажуваат, во најголемиот дел!) необична компетентност и храброст не само на тешкиот предизвик да му погледаат „в очи“, туку во неизвесниот костец и да го победат… По цена којашто се чини општествено прифатлива, со оглед на многу полошите сценарија што можеа да се случат.
Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.