Пресудата за Груевски е камен темелник на обновата на правниот систем во државата

Не случајни се изблиците на чувства по повод пресудата од две години затвор за Груевски. Луѓето тоа го го доживуваат како сатисфакција за болките, штетите и неправдите што осудениот ѕвер им ги предизвикуваше повеќе од едно десетилетие. И на личен план и во однос на тоа што луѓето во оваа заедница го формираат и го разбираат како општо добро. Сатисфакција и за борбата против злото. Истовремено, сите чувствуваат дека денеска се случи нешто многу важно и за личните и за заедничките перспективи. Пресудата е камен темелник на обновата на правниот систем во државата, односно на реконституцијата на Македонија. Се осмелувам да кажам: конститутивен акт! Граѓаните ги осеќаат тие димензии како чин на ослободувањето и новото втемелување.

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e