Преспанска мисица

Јасно е дека на Насер Зибери безобразно доцна му е понудена честа да биде личноста со која ДУИ ќе бара сеалбанско обединување за прв премиер Албанец. И идеајата, и изборот се стокмени во еден жесток временски цајтнот, пред се поради брзањето на ДУИ повторно да одработи брза изборна мобилизација низ проверените коридори на етничкото, за да го амортизира офанзивниот налет на опонентите во истиот етнички кампус.

За брзањето сведочи и фактот дека Зибери само до пред неколку дена стамено и аргументирано го критикуваше предлогот на ДУИ за прв премиер Албанец. Да биде иронијата поголема Зибери кој е почитуван лик на македoнската политичка сцена и кој сега верува дека му е укажана голема чест од ДУИ всушност е длабоко потценет. Изваден од „барабанот“ во последен миг, тој доби многу помалку време за реална „чест“, од она што го доби од ДУИ, на пример, еден измамник од типот на Коле Дијамантот.

Целата колумна на Катерина Блажевска за Призма прочитајте ја на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e