Предвремени избори пред портата

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ерол Ризаов за Независен:

-Колку е неуспешен или успешен референдумот, ќе се види во парламентот наредните денови. Консултацијата со околу 700.000 граѓани, колку што гласаа на референдумот, политичарите многу добро знаат што значи. Дали е тоа добар предзнак да се гласа за уставни промени и да се прифати договорот со Грција или да се оди на предвремени избори ќе биде големата тема што ќе ја преокупира јавноста и ќе ги зголеми тензиите.

Но, едно е сигурно – оваа бројка од 700.000 гласачи јасно кажува дека не се доведени во прашање ниту евроинтеграциите ниту договорот со Грција.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја игнорира оваа референдумска бројка и не ги поддржи уставните промени, предвремените избори се неминовност и ќе се одржат до крајот на годината, поточно во декември.

Што значат овие близу 700.000 граѓани кои цврсто стојат на ставот за влез во ЕУ и во НАТО ќе се уверат сите што стојат на патот на историјата за иднината на Македонија.

Од независноста на Македонија за изминатите 27 години ниту една политичка партија на ниту едни избори не добила повеќе од 500.000 гласови, дури и победничките големи коалиции на повеќе партии немаат над 500.000 гласа.

Во овој случај коалицијата на европските партии без разлика дали е предизборна или постизборна ќе книжи над 650.000 гласа што ќе обезбеди повеќе од две третини пратеници и на многу полесен начин остварување на стратегиските државни интереси. Само за илустрација, доволен е податокот дека ВМРО-ДПМНЕ владееше 11 години и на ниту едни избори не ја достигна бројката колку што на вчерашниот референдум гласаа граѓаните „за“ Европа. Напротив, просекот на сите изборни победи на ВМРО-ДПМНЕ се движи околу 380.000 до 400.000 гласа (ако ги исклучиме сателитските партии во коалициите), исто колку и на СДСМ.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e