Предизборни јадици, педалинки и зајачки пуфки

Темата за македонско-бугарските односи е совршена „педалинка“ за избори, една националистичка вежба за одржување кондиција како кога морско прасенце – хрчак – трча без крај во затворена вртелешка во стаклен аквариум. Многу одамна, сум гледал трки на кучиња во Англија: ќе им закачат зајачка опашка на механички спринтер околу патеката, а тие во кругови ја бркаат зајачката пуфка до изнемоштеност до целната линија – нема таму зајак, ама има обложувалница и исплазени до земи кучешки јазици на финишот… До следните избори, за ново обложување на публиката.

Навистина, дури и вон изборен контекст, не постои „позапалива“ тема за анализирање и пишување во Македонија од онаа за македонско-бугарската расправија за тоа кој бил што бил и кога бил и зошто бил и каде бил и дали бил и… Секоја историја е збир на факти (што) и нивни интерпретации (зошто), но кога станува збор за идентитетски, па згора на тоа и актуелни прашања, тогаш значењето на интерпретациите убедливо го надминуваат значењето на фактите, бидејќи за контекстуализирање (интерпретирање) на историските настани, на личностите и на нивните постапки и ставови, секогаш има доволно факти и за едните и за другите, спротивставени толкувања.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e