Силјановска: Секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите во оваа македонска Голгота.
Јас во моментов се чувствувам како да го носам најтешкиот крст.
Тричковски: Јас, на пример, не носам венец од трње, за кој курац би носел венец од трње, а верувам и дека Блерим Река и Села не носат. Макар што на денешен ден, пред две години, Села изгледаше како Мел Гибсон во Пасија, откако другарите на Силјановска му ставија таков венец врз главата и го влечеа по Собранието. Дозволувам дека чувството во врска со крстот е чувство на кандидатката на злосторничкото здружување на вмро- дпмне, кое, пак, по дефиниција е чиста антихрист појава, но мене повеќе ми личи на предизборно лигавење и сквернавење на добрите верски посветености и поведенија. Распнувањето не е за парада, тоа прво, второ, толку изразен крстоносец, ако земеме дека жената ја говори вистината, не е погоден, по линија, значи, на венецот од трња и на најтешкиот крст, за претседател на една мултиконфесионална држава, таа во случајов самата се открива како некаков православен фундаменталист, зилот, што ли, и трето, поврзано со првите две, ти госпоѓо треба да покажеш дека можеш да ја носиш државата и да не се жалиш како што ми кукаш тука дека тежок ти бил крстот, па јас да сум ти бил Сајмон асистер, и така натаму, што не го фрлиш ако ти е тежок, и не појдеш во првото бифе на пиво. Или на чај и гласови кај Албанците.
Може ли жена, маж, човек воопшто, да изведе чин на поголемо самопонижување. Ова што го говори Силјановска е глупантропско самораспнување на дрвото на бесрамноста!
Бранко Тричковски