Одамна се подготвувам да иницирам формирање нова верска заедница, а деновиве оваа идеја само добива на интензитет. За волја на вистината, не станува збор за нова религија, оваа вера веќе има илјадници поклоници, прашањето е само на нејзина формализација и официјализација. Станува збор за една меркантилистичка религија, односно за Потрошувачко-трговска верска заедница (ПТВЗ).
Припадниците на оваа вера, своите обреди, литургии, миси, крштевки, венчавања, молитви и парастоси ги извршуваат во своите верски храмови, наречени маркети, молови, продавници и дуќани. Тие му се клањаат на врвниот бог на шопингот, познат под името Бог-шоп. Верниците на оваа Црква, својата религија ја консумираат така што секојдневно се молат во некој од божјите храмови, најпрвин пред иконите, наредени на рафтовите, а потоа и кај свештеникот, односно свештеничката, отелотворени во продавач (продавачка) или касиер (касиерка).
Целата колумна на Ѕвездан Георгиевски на следниот ЛИНК.