Потрошениот шарм на Захариева

Личниот придонес на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, за влошувањето на македонско-бугарските односи е толку голем, што ги надминува вообичаените очекувања од еден министер кој се труди да ја спроведува официјалната надворешна политика на својата земја.

Веројатно еден од елементите за таквото неприлично однесување е објективното потфрлање на нејзиниот ресор рустикалната антимакедонска политика да најде барем минимална поддршка кај евро-атлантските сојузници на Бугарија. Тој дебакл ја изложува на остра критика, па и потсмев, кај бугарската опозиција и кај еден интелектуален дел од бугарската јавност. Тоа ја тера на сè порадикални ставови и непристојности од типот на еден националистички кабадахија и провокатор каков што е Каракачанов.

Но, доволно долгата дипломатска традиција на една релативно мала земја каква што е Бугарија – не зборувам за бугарската политика во минати времиња и режими, а и лично познавам неколку врвни бугарски дипломати со чии способности и многу поважни и поголеми држави во светот би се гордееле – не може да си дозволи од првиот човек на софиското МНР ваков неквалитетен „третман“ на прашање што самите го дефинираат како нивен „национален интерес“. Тој интерес (во суштина, за ексклузивно толкување на регионалната историја) им е толку голем, што се подготвени да си ги нарушат односите и со други балкански држави, па дури и со (моментните) стратегиски партнери, човек да помисли дека самиот опстанок на Бугарија зависи од тоа…

Па, сепак, Бугарите деновиве повторно се најдоа „изненадени“ од предложените корекции во Извештајот за РСМ што треба да се гласа во Европскиот парламент, во чиј амандман се критикува бугарската актуелна политика кон Македонија. Во суштина, повторената порака – дека „се осудуваат неодамнешните провокативни изјави на членови на бугарската влада (се мисли токму и на г-ѓа Захариева – м.з.) во однос на историските прашања кои ја засегаат Северна Македонија и се противречни со духот на Договорот за добрососедски односи со Бугарија“ и дека се поздравува „зрелиот и балансиран одговор на тие провокации од владините претставници во Северна Македонија“ – е дека балканскиот инает не е добар рецепт за остварување на стратегиските интереси на Унијата на овој дел од континентот.

Захариева (чие потекло е од Пазарџик кој, патем, до 1934 година официјално се викаше Татар Пазарџик, бидејќи е основан во 15 век од Татарите, на левиот брег на реката Марица) е на чело на бугарската дипломатија неколку месеци пред потпишувањето на бугарско-македонскиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка на почетокот од август 2017 година. Таа не може да каже дека „наследила“ важечки билатерален договор меѓу две земји што бил лошо составен или со чија содржина и намери лично не се согласува(ла).

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e