Понуда: Нека виси СЈО!

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

-Зошто му требаше неделното конфузно обраќање на Мицкоски до јавноста?

Навистина излезе дека е единствено поттикнат, како во некаков налет на еуфорија ли, паника ли, од збогум-заминувам-во-затвор фб-статусот на Груевски во неделата рано наутро, иако целата стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ и на Фамилијата е токму да се прикаже, по секоја цена да се убеди јавноста дека тие два ентитети се посебни „правни“ лица, дека едните ја спасуваат Македонија, додека другите се само политички жртви на тој напор, дека немаат никаква актуелна политичка врска… освен таа неважна дребулија за амнестија.

Груевски во својот фб-статус напиша дека „ако сте уценувани поради мене, не прифаќајте никакви понуди“. Овие не само што го послушаа да не прифатат, туку отидоа и чекор понатаму: направија своја понуда! Елем, не издржа Мицкоски, излезе на неделна прес-конференција и побара три работи…

Под еден, од Заев бараат да се откаже од Договорот со Грција. Под два, откако Заев тоа ќе го направи (?!), можат да се договорат за одржување нови избори… До тука, глупаво е, ама има некаква врска со еуфоријата од „пропаднатиот“ референдум. Но, зошто, под три, им е предлогот, барањето, понудата за укинување на постоечкото и воспоставување на ново СЈО, како специјален услов за да се спроведат првите две барања!? Каква врска има СЈО со избори, референдум, Грција, име, презиме, патриотизам…?

Етееее, тоа е таа грмушка во која, цело време, е легнат зајакот. Се заборави и на Пржинска изборна влада, референдумот е неважен, небитно е дали Македонија ќе оди на Исток или на Запад, само ако Мицкоски се договори со Заев СЈО да го укинат.

Пусто СЈО и таа клета правна држава, ни ја упропастија евро-атлантската иднина!

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e