Политички „Јебодром“ Македонија

ЛЕТ НАД КУКАВИЧКОТО ГНЕЗДО)

А со кого да ја градиш за да ја има!! Не мора никој да ја уништува Македонија однадвор. Таа сама се уништува! Резил на светот со најголемото неединство кое го нема ви ниедна историја на народи. Нека ме нарече кој како сака, сеедно, ама она што ми лежи на душа ке го кажам. Знаете зашто никогаш не сме имале држава? Затоа што у пресудни моменти сме си пукале едни на други у колено наместо да пукаме кон душман отспроти нас! Кој е душманот на Македонија? Самите ние внатре. Најстрашното, најевидентното, најмизерното, најбедното е тоа што податоците велат ( фактите) дека мама и плачат на судбината на Макеонија оние кои од уста не ја вадат!

БЕДА,.. ЕВТИНОЌА, МИЗЕРИЈА И ИСТОРИСКИ РЕЗИЛ!

Еден татко на нацијата кој се нарекува себе си претседател јавно повика на бојкот! Излага со изјава дека ‘‘Макеонија останува непоразена‘‘! Од кого бе филадендрон еден! Фикус е салонско растение! Една маса која вика ‘‘ ние се бориме за иднината на Македонија‘‘ и пука у чело на сопствената земја да не оди напред! А бе ‘‘Шака Зулу‘‘ племе да бевме па ке се разберевме меѓу себе. Себеуништување, ништожење, и дефинитивно еднаш за навек олицетворување на овој народ ( ДЕМОС ) како ‘‘ајварџии‘‘ и ништо повеќе. Ситни, малечки луѓе кои во својата катарза на замислен сопствен успех сметаат дека се спасители на нацијата доживуваат најтрагично олицетворување на својата држава како деца на кои им даваш играчка а они прво што прават ја растураат на најситни делови неможејки никад да ја состават после.

АЛБАНЦИТЕ? НЕМОЈ НЕКОЈ ДА ЗУЦНАЛ ДЕКА ПА ОНИ СЕ КРИВИ ЗА НЕШТО!

Каменот од блиску паѓа! Македонците ( респект до маса мои браќа македонци) во актуелниов момент точно даваат до знаење зошто не сме имале држава во историјата! Па скокајте до таван ако не се слагате со моето мислење!

НЕ ХЕЈТАМ! ЈАС САМО ГО ИСКАЖУВАМ СВОЈОТ ОЧАЈ! ВУКОЈЕБИНА Е ЗА НАС ДУРИ КОМПЛИМЕНТ! ЗА ВУКОЈЕБИНА ТРЕБА ‘‘ВУКОВИ‘‘ , НИЕ КАКО ОВЦИ СМЕ ‘‘ОВЦОЈЕБИНА‘‘.

Не можам ( не дека не разбирам кои се мотивите) да сварам дека во вакви моменти Христијан Мицковски поставува услови кои само покажуваат за секој еден писмен човек дека се апсолутно во интерес на една врхушка и една група која треба да иде апсаана! Додуша, не е проблем, во случај да бидеме изолирани од Европа ич не треба да се секираме дека ке останеме гладни. Имаме стиропор за грицкање и мамење желудник ако еден ден дојдеме во ситуација да бидеме не ‘‘ папокот, туку шупакот на светот‘‘! Тоа е патриотизам? Не, тоа е сериозна ДИЈАГНОЗА!

И НЕМОЈ НЕКОЈ ДА РЕЧЕЛ ‘‘ АЈ БЕ ТИ ШИПТАР ЌЈУТИ НЕ СЕРИ, НЕ ЗБОРИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ, ЗБОРИ ЗА СВОИТЕ ‘‘ НЕКА СЕ НОСИ У ТРИ ПИЗДЕ МАТЕРИНЕ!

Јас цело време велам ‘‘НИЕ‘‘, значи стојам со братот македонец рамо до рамо, ама он нешто се ‘‘ заебаа‘‘ на општа сметка! На сметка на иднината на моето, твоето, неговото дете! И во моменти кога на сите млади кои како гулаби ни одлетаа по светот треба да им дадеме јасна порака дека сакаме да се вратат, овдешните да не одлетуваат, на некои полуеволуирани современици на постоењето на ова поднебје им е апсолутно небитно тоа што токму тие гулаби резимираат во стилот ‘‘ кјути, одлетавме на време‘‘! Судбината на иднината е во раце на ропаци, селендра која свршава ( с ‘ опроштење ) кога ке се види на телевизија како вика ‘‘ Македоња не ја даамеее‘‘ додека антропологијата му ја дефинира фигурата на ниво на Дарвинов пропуст у теоријата.

КОМУ ‘‘НЕ ЈА ДААМ МАКЕДОЊА‘‘ БЕ РОПАК! ПА ДАЈ СИ ЈА СЕБЕ СИ! ДАЈ ЈА НА НАШИТЕ ДЕЦА!

Влегуваме во филм на нови итни вонредни избори? Повторно стартни пол позиции на политичкиот јебодром наречен Македонска политичка сцена? Кој ке се трка? Истите фаци? Па имате ли бре вие мозак! Значи ли тоа дека ко имаме сега избори, Курто и Мурто па се смешкаат на плакати дека нема да имаме еден долг период после тоа можност да менуваме политичко структурни генерации? Дека самите се осудуваме да ја гледаме пак истата политичка булумента која е навикната да си пука у колено на најблискиот, дека пак истите големи патриоти кои мајка му ебаа на сиромашниот народ ке треба да си играат ‘‘ на ти го – дајми го‘‘ со народот, нацијата, историјата, иднината… и се на сметка на ‘‘ ја сум патриот бе‘‘ ! Ти си бре ‘‘ голи курац‘‘!

Во актуелниот момент се случува страшно лудило на тлото на Р. Македонија. Секој секого уценува, секој секому му поставува некакви услови, секој секому користи прилика ( пишувам во бес, па простете) да му го начука на другиот ‘‘ со се јајца‘‘! Сакаш држава да имаш! Алооооооо!!!! Дали знаеш кои се коментарите на сите оние кои побегнаа? ПА НЕМААТ КОМЕНТАР!!! Обично и по правилото на елементарната логика за да коментираш нешто тоа треба да има смисла. Смислата на нашето самоуништување е смисла? Да, ама во главата на морони!

ШТО ПОКАЖУВА ИГЛАТА НА КОМПАСОТ НАРЕЧЕН МАКЕДОНИЈА ВО АКТУЕЛНИОТ МОМЕНТ

Еве што! Брзите и итни избори ке донесат уште поголем хаос! Тоа подразбира тродупла кампања која треба да биде поставена на кус период а со најтешко значење и дефинирање во современата историја на Македонија. Од најниски до највисоки ешалони ке започнат дворските игри на сопствено бенефитарни позиции, хаотично поделени партии кои едвај чекаа да се заврши со сево ова за да се реформираат, обноват, освежат, да дојде момент за престројување. Ке се изгуби и време и енергија и пари и на мајка му а резултатот ке биде катастрофален. Референдумската поента ке се разводени под лигавоста на партиските пацери, стаорци, под дејство на ситни души кои ке велат јавно ‘‘ се за Македонија‘‘ а кога ке се гледаат у огледало дома додека се бањаат ( за оние кои се бањаат и вон Сабота) ке викаат ‘‘ ма што му ебем матер бе, дај да сместам Г‘с‘‘. Нека ме убеди некој дека тоа не се однесува на добри две третини од политичарите на сцената на кои само овакваа ситуација им гарантира политичко постоење, а башка егзистенција, а башка бизнис! Ма, ‘‘ заболе те кита за државу‘‘! Отпала ти дабогда! ( мој коментар).

КАД – ТАД КЕ ВЕ СТИГНЕ ГРЕВОТ ШТО МУ ГО ПРАВИТЕ НА НАШИТЕ ДЕЦА! А ГРЕВОТ ШТО ГО ПРАВИТЕ КОН СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА КЕ НОСИ ДАНОК УШТЕ ПОСТРАШЕН ОД ОНОЈ ШТО ГО УЧЕВМЕ ДЕКА СЕ СЛУЧУВАЛ ‘‘ ДАНОК ВО КРВ‘‘ У ТУРСКО ВРЕМЕ!

П.С.

Под ‘‘ НИЕ ‘‘ во текстов го подразбирам секој еден што ја сака оваа држава. Под ‘‘ наши деца‘‘ ги подразбирам Зоки, Африм, Марјан, Абдула, Елвис,… Александар,….

Под ‘‘ ВАС‘‘ ВО ТЕКСТОВ ВЕ ПОДРАЗБИРАМ СИТЕ ВАС ВЕЛИКИ ПАТРИОТИ ШТО СИ ИГРАТЕ КУРТАШАК СО ЗЕМЈАТА И НЕЈЗИНАТА ИДНИНА. БЕДО!

ЈА ПРОСТАК?! НЕВАСПИТАН! ИМАМ УЛИЧЕН ВОКАБУЛАР!?!

Ма умем ја и боље,.. ама кон секого на ‘‘ негово ниво‘‘!

F1 = F2 . Прв Њутнов закон! Акција = реакција!

Агим Јонуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e