Политички аналфабети

Повторно сме сведоци – којзнае кој пат по ред – на уште една погрешна калкулација на ВМРО-ДПМНЕ: врз основа на бугарското евро-вето за Македонија, се обидуваат да направат политички профит за себе!

Бреее, целово опозициско раководство треба да се вратат во второ-трето одделение каде што се учи политика, негде околу усвојувањето на азбуката, бидејќи е неверојатно како не успеваат да антиципираат елементарни работи во професијата со која, наводно, сериозно се занимаваат.

Прво, македонската „постбугарска“ евро-траума во моментов е таква, што на домашната јавност, политички исцрпена и во состојба на ментален и емотивен стрес, со манифестација на силна вознемиреност, ѝ треба смирување, пауза во емотивното растројство, поддршка за закрепнување, позитивна мисла и надеж. Земете кој било прирачник за третман на пост-трауматски стрес, таму се опишани сите можни стратегии за „лекување“ на таквата состојба и никаде нема да наидете на совет траумата да се лекува со – предизвикување нова, уште поголема траума! Тоа е точно ова што сега го прави опозицијата, чепкајќи со „жилетот“ на својата посакувана политичка одмазда кон власта, по свежата рана на нацијата. Дотураат сол, таму каде што треба да се мачка со мелем.

Второ, нема начин како нивните напади врз македонската власт да не бидат исти како и тековните обвинувања на бугарската власт на македонска сметка: ако ги покриете имињата што се појавуваат во вестите по медиумите, може ли некој да направи суштинска разлика во она што го говорат на истата тема Красимир Каракачанов и Александар Николовски, на пример? Нема разлика: иста ароганција, слична реторика, иста агенда – да се сруши власта во Скопје, за да се сврти вниманието од вистинските провокатори за настанатата криза.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e