Денеска монструмот што ја уништи државата и го уби правото во Македонија, на прес, плачеше како од “Сигурни извори” дознал дека му се спремал затвор.
1. Негов сигурен извор му остана само гледачката, па нека ја замоли уште еднаш да погледне во кристалната топка, за да му каже збирна казна од сите дела.
2. Нека ја замоли мама Нада и на бајачка да го однесе, бидејки си знае каков пречек го очекува во Идризово. Особено од оние што лежат невини и гнијат со години како последица од неговиот извитоперен ум.
3. Нека се сети на сите украдени пари, нека ги врати назад украдените милијарди, за да си ја олесни ситуацијата.
4. Нека се сети на сите уништени човечки судбини од него и неговите слуги, и да не заборава дека вистината е како шило… В,теше, в’теше и излезе на виделина. Излегоа на виделина злосторите од него, а некои допрва ќе излегуваат.
5. И да не заборави, полесно е кога човек ќе оди во затвор знаејки дека заслужил, дека тоа е исплата на една фактура на која и дошло време за наплата. Многу потешко ни беше нам, што лежевме, а не ни знаевме зошто… Единствено што знаевме, беше дека сме внатре за да се задоволи и нахрани жедта за крв и солзи на чудовиштето…
Ване Цветанов