„Погрешна“ химна

Дел од колумната на Катерина Блажевска:

Не можам да разберам зошто толкаво количество гнев кон Тамара. Има ли некој толку безгрешен, на кого никогаш во животот не му се случило да направи пропуст без умисла и намера – дали поради емоции, замор, деконцентрација или трема, сеедно. Тие што никогаш немале настап пред публика, не знаат колку е високо нивото на стрес, можноста да се изгуби здив, да се заборави или измеша текстот, што често им се случува на пејачите. И не само ним, туку на многу јавни личности.

Колку што ме загрижи непримерната осуда на Тамара од „безгрешните“, уште повеќе ме загрижи степенот на заговорнички конструкции – од наводни нејзини мотиви да ѝ угоди на политичката елита (што е угодувањето?) преку стравувања дека некаде во заднина се крчка нова химна, па сѐ до повици законски да одговара.

На пример, кога јас би се нашла во слична ситуација, сигурно не би избегнала законска одговорност. Среќа што сум тежок антиталент за пеење, што е олеснителна околност во вакви (не)прилики. Но, доколку не бев, доколку би ја добила честа да ја испеам химната јавно, сигурно ќе го прекршев Законот за химна. Химната „ја грешам“ постојано од едноставна причина. Јас и мојата генерација израснавме со поинаков текст на македонската химна. Еден стих од неа воопшто не постои во денешната верзија, исфрлени се имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а додадено е името на Даме Груев.

Целата колумна на Призма на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e