Пофалба на глупоста

Ви пренесуваме дел од колумна на Ерол Ризаов за „Независен“:
Македонците во Грција се радувале на договорот. Без да го прочитаат, знаеле дека е добар!? Велат, штом грчките националисти толку врескаат, мора да е повеќе од добар. Во Македонија, Македонците што викаат на сет глас – готово е со државата, ова е катастрофа, предавство, капитулација, самоубиство… исто така, не го прочитале договорот, ама лелекаат несреќни затоа што тоа што ним им изгледа како крај на светот, другите во тоа гледаат излез од бедата, сиромаштијата и изолацијата, од балканскиот батак. Тоа е најдобар знак дека и без да го читате и анализирате договорот можете да бидете сигурни дека Македонија излезе од лавиринтот во кој луташе повеќе од една деценија и сега е на вистинскиот пат.

Штом во двете земји опозицијата организира и ги предводи протестите кои не се безопасни иако се малку посетени, станува јасно дека тоа е само битка за власт и оправдување зошто тие не ја завршиле таа работа кога можеле да го направат тоа. Не сработиле ништо од многу позната причина, оти така се одржувале на власт со тоа што само сееле омраза меѓу двата народа. Стратезите на протестите, партиските лидери кои ја демнат секоја шанса да се вратат на власт, во суштина се многу задоволни што политичките противници ја завршија оваа тешка, ризична и непопуларна работа. Сега ги заплашуваат и подбуцнуваат луѓето со катаклизмични прогнози, од кои можат да се спасат само ако опозицијата се врати да управува со државата.

Доказите за ова ќе ги видите веднаш штом сѐ ќе заврши како што е договорено меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и нивните тимови со посредство на ОН. Нивните наследници во власта, кои и да се, нема да го поништат договорот, ниту пак ќе направат и најмал обид во таа насока. Искуствата и дома и надвор јасно покажуваат дека одржливите договори функционираат, неодржливите сами пропаѓаат, стануваат неспроведливи. Договорот што го потпишаа Македонија и Грција е одржлив на долг рок, бидејќи е прифатен од двете страни, и од Грција и од Македонија, но и од ОН и од ЕУ и нејзините највлијателни членки кои имале пресудна улога заедно со Америка да дојде до прифатлив компромис, оти само така договорот може да биде долговечен и да биде темел за изградба на пријателски односи меѓу двете земји.

Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e