Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Катерина Блажевска за Призма:
-„Народот е за ЕУ и НАТО, но против капитулантскиот договор на Заев“. Ваквиот став на ВМРО-ДПМНЕ ги содржи сите атрибути на еден класичен оксиморон. Во превод, и тие би сакале да ја препливаат реката и да стигнат на европскиот брег, ама под услов да не се намократ. Можно ли е тоа? Се разбира дека не.
Што значи „капитулантски договор“? Кога две страни се решени да направат компромис, тоа значи дека двете се подготвени за отстапки, за да се најдат некаде на половина пат. Гледано од тој аспект, Договорот од Преспа не е „победнички“ за ниту една страна. Но, никако не може да се нарече „капитулантски“.
Таков можеби би бил некој друг, ако непромислено го отфрлиме овој. Да не заборавиме: хронологијата на разговорите за името покажа дека некои подобри предлози не сме ги искористиле навреме, токму затоа што биле претставувани како „капитулантски“. И дека секој следен би бил понеповолен од претходниот.
Што би бил идеален договор? Тоа е воопшто да немавме спор со Грција, и таа да не ни ги блокираше интеграциите. Такво нешто нема. Овој Договор не е идеален, но е максимално достоинствен од аспект на заштита и гаранција на клучните идентитетски прашања.
Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.