Јавноста со реакции на осуда кон полициската акција со која беше блокирана хуманитарната акција за достава на помош од семејството Заеви од Струмица.
Имено, вчеравечер полиција упадна во магацини во кои волонтери од невладината организација „Сите заедно можеме“ пакуваа прехранбени продукти за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини. Волонтерите, наместо дома, до 4 часот утринава останале во полициска станица, каде што даваа исказ.
-Со стопирање на изборниот процес, поради Ковид 19 состојбата, сите тие технички министри, заменици, технички др, др, др требаше да си се вратат онаму од каде што беа дојдени.
Зошто?
Затоа што, сета таа болумента кога се дел од Владата и кога не се дел од Владата, сите тие јатаци на Мицко, единствено нешто што знаат да прават е бојкот.
– Бојкотираа зголлемување на платите на здраствените работници.
-Бојкотираа зголемување на просветните работници.
– Бојкотираа исплата на субвенции.
– Бојкотираа зголемување на пензии.
Преку бојкот тие прават хаос. Во целиот тој хаос, преку ширење на лажни вести, се обидуваат политички да и наштетат на позицијата, за да дојдат до некое ситно, ефтино политичко поенче. Не секогаш успеваа, но некогаш им оди од рака.
Денес тие ги бојкотираат насиромашните. Најзагрозените.
Срам да ви е!
ФБ реакција на Сашко Петров на веста дека полицијата со шест возила упаднала во магацинот со донации од Заев