Ќе сме виделе каква политика ќе води Мицкоски!?
Не ми е јасно на што се должат тие очекувања.
Каква политика може да води човекот кој до вчера ги водеше секретарските работи на Злосторничкото здружување!?
Дали во вршењето на таа исклучително одговорна функција тој извршил кривични дела, ќе покаже интересот на полицијата и на обвинителствата.
Или отсуството на таков интерес.
Но, јас мислам дека мора да се гони по линија на објективната одговорност.
Како и сите други членови на овој неверојатен центар на злото.
Апсолутно.
Тие се одговорни како здружување, како правно лице, како злосторнички потфат во кој сите биле, прво според својата објективна позиција и, второ, според конкретните зла што со своето делување или неделување ги имаат извршено.
До соочувањето со таков третман, тој има на располагање неколку решенија со кои може да се доближи до зоната на делумната рехабилитација:
1. Извинување на граѓаните и, особено, на тоа што тие го викаат македонски народ, за злоделата што му ги имаат направено низ историјата, во последните дванаесет години, посебно.
2. Доброволно оттуѓување во корист на државата на сиот недвижен имот што партијата го стекна на криминален начин, на Белиот дворец на злото со се внатрешниот кичерај, задолжително, затоа што сето тоа е имот кој е украден од граѓаните на Македонија.
3. Враќање на сите незаконски финансиски средства што лежат на сметките на партијата или на приватни сметки на нејзините раководители сегашни и од блиското минато и преземање на внатрешни мерки спрема оние кои ќе одбијат да постапат согласно со овие интенции.
4. Обезбедување на комплетна сработка со правосудните органи и органите на прогонот во расчистување на сите зла што партијата ги правеше во изминатиот период, соработка во откривањето на методите и формите, односно на суштината на тие злодела.
5. Елиминација од партиските органи на сите кои во изминативе 12 години беа во раководството на партијата на кое било ниво!
Бранко Тричковски