Пендаровски: Во бомбите слушнавме како ВМРО-ДПМНЕ тајно преговарале за промена на името

-Изјавата која ја споделуваат медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ со која наводно сакаат да прикажат дека го осудувам Договорот од Преспа е смешен, евтин и неуспешен обид за моја дискредитација.

Изјавата, која во видеото е намерно манипулативно прикажана, се однесува на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ после масовниот митинг на 17 мај воопшто има легитимитет да разговара за промена на името, бидејќи Груевски тогаш најави нова рунда преговори.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беа целосно делигитимирани и мојата изјава се однесува на тоа дека не смеат и немаат право во моментот да разговараат за името, туку ќе мора институционално и преку отворен процес да се води ваквата дебата од легитимна влада.

Во бомбите слушнавме како тајно преговарале и се договарале за бројни додавки, придавки, загради, без знаење на јавноста.

И тогаш и сега цврсто стојам на тврдењето дека Договорот од Преспа можеше да се постигне само по институционален пат, на јавен и транспарентен начин, баш онака како што и се направи. А, не како што Груевски тајно се обидуваше и не успеа.

И тогаш и сега тврдам дека беше невозможно тајно или надовор од институциите да се направи промената на името и добро е што такво нешто не се случи. Имавме транспарентен процес кој заврши со демократски референдум и промена на уставот со две третини од пратениците како што налага законот.

За разлика од овој процес, ВМРО-ДПМНЕ и неговите челници како што слушнавме од бомбите тајно заговарале промена на името без во ниту еден момент да и го соопштат тоа на јавноста и без да гарантираат влез на земјата во НАТО и ЕУ. Лажните патриоти граѓаните ги препознаа одамна и вакви лаги нема да поминат кај нив.

ФБ статус на Стево Пендаровски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e