Овде фашизмот, просто, не вирее!

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа:

-Уште не се бев прибрал по дома како што треба од вчерашниот вечерен телевизиски разговор на 1ТВ со д-р Александар Литовски, историчар, на темата дали во бегството на Груевски во Унгарија можат да се извлечат некакви паралели со бегствата на Ванчо Михајлов горе-долу по половина европска мапа во првата половина на минатиот век, а веќе добив триесетина реакции на гледачи на дебатата (некои телевизиски, други од социјалните мрежи и од интернет порталите)… И, претпоставувам, реакциите ќе продолжат да се множат и во деновите што следуваат.

Претходно, кога минатата недела во една од колумните, прилично фриволно, напишав дека со бегството на Груевски ја добивме 21-вековната верзија на Михајлов во Македонија (а некој ден потоа, меѓу другите, колегата Љупчо Поповски во својот напис во „Независен весник“ таа теза, на подобар начин од мене, ја обработи во многу повеќе детали), некои вознемирени и добронамерни пријатели од Бугарија прилично ургентно ме замолија со абер, аман, да не го споредувам Михајлов со Груевски – бидејќи Бугарите навистина не сакаат на кој било начин да бидат имплицирани во тековниот меѓународен скандал со исчезнувањето на Груевски од Скопје и неговото, речиси вонтелесно, ненадејно појавување во Будимпешта во својство на загрозен политички азилант во бегство од правдата во Македонија! (И, навистина, за такви компликации и сомнежи, од сето она што се знае, нема никаква основа, што не е случај со некои други македонски соседи…)

Во самиот, би рекол опуштен, разговор со д-р Литовски релативно брзо стасавме до поентата дека меѓу Грујо и Михајлов нема големи историски паралели, ниту според историските контексти, а ниту во смисла на релевантноста (и последиците) од активностите на овие двајца историски актери.

Колумната на Сашо Ордaновски во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e