Моралната одговорност за жал сеуште е непознат поим во македонската политика. Најголем дел од македонските политичари се лишени од поимот морал.
Како поинаку да го протолкувате молкот на најголемиот број од 32-та члена на ИК и на повеќето од 120-те членови на ЦК на ДПМНЕ за невидениот изборен дебакл.
Сите тие имаат фластер на устата кога треба да проговорат пред јавноста за сопствената и одговорноста на партиското раководство, а во разговор со свои блиски ,,фрлаат дрвја и камења” и говорат за инфантилизам на сопственото партиско раководство.
Озборувањето, сплеткарењето и калкулациите зад грб во замена за непонесување на сопствена одговорност е уште поголем неморал.
Оставка и одговорност во политиката поднесуваат само достоинствени и доблесни луѓе.
Дами и господа вие сте на потег.
Јове Кекеновски