Вчерашната прес-конференција на Владата, со која се објави подигнувањето на нивото на рестрикциите во движењето на територијата на целата земја, и реакциите по неа, ме потсетија на една прочуена изјава на Роналд Реган, 40-тиот американски претседател, иконата на тврдиот американски конзервативизам. Имено, во 1986 година, критикувајќи ги обидите за мешање на власта во слободата на пазарната економија, на една своја прес-конференција Реган ги дефинираше „деветте најстрашни зборови во англискиот јазик“: “I’m from the government, and I’m here to help” („Јас сум од владата и тука сум за да помогнам“).
Контекстот е поинаков, но кај еден дел од македонската јавност односот кон власта кога таа најавува дека е „тука за да ни помогне“ се доживува токму како некое заканувачко мешање во нашите права и слободи, дури и кога се работи за заштита на масовното здравје.
Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.