Одговорноста треба да има име и презиме

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ида Протугер Вељковиќ за Фокус:

-Реставрацијата на довербата кај граѓаните дека функционерите и власта работат во нивна корист со одговорно управување на заедничките пари, е една од клучните промени што треба да покаже дисконтинуитет од груевизмот.

Огоромен број од граѓаните кои имаа извесни трауматски искуства во време на груевизмот (загрозена безбедност, слобода, притиснати од неправда), страдаат од своевиден Пост-трауматски стрес синдром. Груевизмот, слично на елементарна непогода ги руинираше претходно разнишаните темели на вредносниот систем и направи карикатура од поимите слобода, правда, отчет и одговорност.

Таквото цунами од неморал, лажирање, криминал и корупција доведе до сериозна криза на идентитетот кај многумина, кои биле воспитани дека правдата, слободата, одговорноста и почитта кон туѓите права како основни цивилизациски вредности не дефинира како луѓе. Тие цивилизациски вредности беа целосно непожелни и неприменливи во груевизмот, но можеби и беше потребно такво драматично нивно обезличување, за да биде појасната разликата што е, а што треба да биде.

Оттука, граѓаните сега се хипер сензибилизирани и силно реагираат на секаква реминисценција на таа колективна траума која ги потсетува на “она што никогаш повеќе не смееше да се повтори”. Токму аферите каде постојат сомнежи за корупција се прилично силна дразба која не враќа на трауматските искуства, бидејќи криминалот и корупцијата беа звезди-водилки во груевистичкиот начин на владеење.

Две афери во изминатиот период го оптоварија Сиви-то на владата на премиерот Зоран Заев со сомневање за непотистичко/корупциски спреги кои засега поминуваат без одговорност, а со многу оправдувања.

Кај скандалот со тендерот со централизираната набавка на реагенси, тргнувам од претпоставката дека да биле најчесни намерите да се воведат реформи во здравството.

Да бидам искрена, настапот на министерот за здравство ми остави личен впечаток на доверба дека тој не го знаел исходот од овој тендер, ниту пак фирмата која конкурирала. Но непобитен факт е дека работата некаде била згрешена и потребно е некој да понесе одговорност. Прекинатата тендерска постапка покажува почит кон јавноста, но останаа многу неодговорени прашања. Кој ќе ја превземе одговорноста за црвот на сомнеж дека фирма формирана неодамна, со спецификации кои единствено ги исполнувала, беше единствено пријавена на овој голем тендер и потенцијален добитник? Зошто не е обелоденето кој ги правел спецификациите, каде во синџирот на одговорност е потфрлено и ако министерот не знаел, кој знаел и дали ќе биде разрешен што си поиграл со довербата и парите на граѓаните?

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e