Ода на радоста

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ѕвездан Георгиевски за Призма:

-Сега сфаќам зошто „Одата на радоста“ е химна на Европа. Веднаш штом беше соопштено дека Советот на министрите на надворешни работи на земјите на Европската унија ѝ доделил датум на Македонија за преговори за влез во ЕУ (условен, датум во најава, датум без гаранции – викајте го како сакате), во земјата настана вистинска поплава од радост.

Подеднакво се радуваа и „евроинтегративците“, „соросоидите“ и „предавниците“, токму како што се радуваа и „патриотите“, „русофилите“ и „евроскептиците“. И сите се радуваа во ист фазон: „Нели ти реков“, само што тоа „Кога ти велев“, во зависност од позицијата од која настапува оној „што ни рекол“, добива сосема дијаметрални значења.

За првите станува збор за успех, најголем напредок на Македонија од нејзиното постоење како суверена држава до денес, додека за другите е исто така успех во докажувањето дека Европа е вавилонска курва, дека Македонија не е зрела за ЕУ и дека треба достоинствено да им кажеме „не“ и уште подостоинствено да го бојкотираме референдумот за името.

Добро, во земја која важи за светски шампион во производство на лажни вести не е многу необично и најобична реченица да се прочита во сосема спротивни значења. Та, нели живееме во времето на таканаречената пост-вистина кога ставовите се формираат врз база на емоции, а не на факти и на рационалност.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e