Ви пренесуваме дел од колумната на Ѓорѓи Спасов за „Независен“:
-Ако политиката е „уметност на согледување на можностите за остварување на јасно дефинирани цели“, како што рекол германскиот државник Бизмарк, тогаш Христијан Мицкоски во овој момент е веројатно најлошиот уметник во Македонија.
Тој во својот недамнешен говор во МНТ уште еднаш повтори дека клучна цел на неговата партија е македонскиот политички систем да се гради врз основа на европските вредности и Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ. Она што е различно кај Мицкоски во дефинирањето на оваа цел, кон чие остварување се стремат и другите релевантни политички партии во Македонија, е убедувањето дека тоа може да се постигне само ако се прогласи за мртов веќе потпишаниот договор со Грција и ако се направат напори членството во НАТО и во ЕУ да се обезбеди со потпишување нов договор со кој, според него, нема да мора да го менуваме Уставот, името за внатрешна употреба и нема да бил загрозен националниот идентитет на Македонците.
Тоа изгледа навидум симпатично, па дури и праведно, против кое никој не би имал ништо против во Македонија – само ако е можно.
И тука се соочуваме со лошата „уметност“ и умешност на Мицкоски како лидер на голема партијата која има одговорност за она што се случува во неговата земја, дури и кога е во опозиција.
На сите им е јасно дека во политиката, како и во животот, за да се оди напред се прават болни компромиси. На сите им е јасно дека во политиката често политичката моќ а не правото ги диктира правилата на играта. И на сите им јасно дека Македонија во односите со Грција беше заглавена повеќе од 27 години во идентитетски спор, кој не беше лесно да се надмине и од чие нерешавање ние губиме како земја, а не Грција.
Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.