Македонскиот пат кон независноста не беше ни краток, ни лесен, особено во турбулентните времиња кога се распаѓаше југословенската федерација.
Претпладнево со централна свеченост пред зградата на Владата, во која обраќање ќе има премиерот Зоран Заев, а потоа и во Собранието со доделување на државните награди „Осми Септември“ за исклучителен придонес во развојот на спортот, за афирмацијата и промоцијата на земјата на меѓународен план, денеска ќе биде одбележана 29 -годишнината од осамостојувањето на македонската држава од некогашната СФРЈ.
Осми септември 1991 година останува синоним за изразената референдумска волја на огромното мнозинство македонски граѓани кои на тој датум се изјаснија дека сакаат независна и самостојна држава. Два месеца подоцна, на 17-ти ноември 1991 година беше усвоен новиот Устав. Патот кон независноста не беше ни краток, ни лесен, особено во турбулентните времиња кога се распаѓаше југословенската федерација. На 21-ви февруари 1992 година, првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, и претставникот на ЈНА, генералот Благоја Аџиќ, потпишаа договор за дислокација на федералната армија од Македонија со краен рок до 15-ти април. Таа целосно се повлече на 27-ми март 1992 година, кога Македонија ја напушти и последниот војник на ЈНА.
Македонскиот пат кон независноста не беше ни краток, ни лесен
Следеше процес на меѓународно признавање. Во април 1993 година Македонија беше примена за 181 членка на Обединетите нации, под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Таа референца замина во историјата дури по решавањето на тридеценискиот спор со Грција, преку Преспанскиот договор потпишан на 17 јуни 2018 година. Овој, како и Договорот за добрососедство со Бугарија потпишан една година претходно, на 1-ви август 2017 година, овозможија да се деблокираат интеграциските процеси на земјата кон утврдените приоритети – членство во ЕУ и НАТО. Напорите на претходната Влада предводена од Зоран Заев, дадоа резултати. Месецот март во 2020 година ќе биде запаметен по два клучни датума: на 25-ти март Советот на ЕУ донесе одлука да ги отвори преговорите со Северна Македонија за членство во Унијата, а на 27-ти март земјата и официјално стана 30-та членка на НАТО, по што пред седиштето на Алијансата во Брисел беше развиорено македонското знаме.
Целата колумна на Катерина Блажевска за Дојче веле на следниот ЛИНК.