Ви пренесуваме дел од најновата колумна на сашо Орданоски за ЦивилМедиа:
-Се скисели пинџурот, се расипа месото, се смлачи ракијата, биеното сирење на скара цигла се направи, лепињите џабе ги потпекувавме, мувла фатија, а кромитчињата овенаа како аспарагус во ладна вода… Извади-врати во фрижидерот, постави-растури масата, дај свежи чаши, шприцерот изветреа, нарачај оркестарот, откажи оркестарот…
Никако да ја почнеме прославата за решавањето на спорот за името со Грчиштана! Таман мислиш готово е, само што сме ги развеале барјаците со сонцето од Вергина, а ни рефренот од „Едно име имаме и него ќе го дадеме“ не сме го завршиле – туку, стоп!, прекинувај!, запирката во шестиот ред била погрешно ставена, во вториот пасус имало печатна грешка, а ерга омнесот важел за употреба и на отворено море, иако од мориња ние го имаме само Охридско езеро… Од клекни-стани, кила добивме, од прва-рикверц, дискус хернија фативме!
Наводно, сите крупни прашања биле решени. Сега „експертски“ се дрибламе тука и таму за по некоја нијанса, за некој месец порано или подоцна, за тоа што ќе кажела нашата и нивната опозиција и дали некоја од буквите да била голема или мала, на латиница или на кирилица. Странците ни ним ни нам не ни веруваат, сега сè бараат на писмено, оти не се знае кој повеќе подлажува.
Куќата изгоре, ама ние за плевната го дрвиме! Аман, фаќајте се за тоа телефоните, па да свириме фајронт!
Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.