Николовски за експресниот пат Ранковце-Кр.Паланка: Ова е најзначајниот проект за економскиот развој на нашиот регион!

Почитувани сограѓани,

Со посета и присуство на премиерот Зоран Заев, денес започнува изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.

Многу ме радува што овој крупен инфраструктурен проект доби голема поддршка од премиерот и новата Влада во време во кое извршувам должност како министер.

Овој изминат период со огромен ангажман на сите вклучени, особено министерот Сугаревски и директорот Китанов, се решаваа напластените проблеми и прашања и успешно се надминаа сите пречки за да денес сме сведоци на почетокот на работите.

Ова е најзначајниот проект за економскиот развој на нашиот регион а граѓаните добиваат модерна патна инфраструктура и европско поврзување.

Аирлија работа! – порача министерот Љупчо Николовски, кој е по потекло токму од Крива Паланка и кој несебично се залагаше изминатиот период, за што поскоро отпочнување на изградба на овој многу значаен инфраструктурен проект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e