Ние Велики, Британците Северни?

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Ордановски за ЦивилМедиа:

-Кога ја гледам политичката драма низ којашто поминува Велика Британија со, за викендов, одобрениот од ЕУ договор за британскиот Брегзит – наводно изгласан за само четири секунди на самитот на ЕУ! – овие нашиве политички превирања ми се чинат како мала возбуда за време на попладневна чајанка во пензионерски дом во Дојран.

Договорот со ЕУ, зад кој стои Тереза Меј, речиси да нема никаква шанса да помине во британскиот парламент – од нејзината партија 80 пратеници веќе јасно се изјаснија дека ќе гласаат против, а владата и онака има тенко коалициско мнозинство од само десетина пратеници. Овде нема потреба од заморување за тоа кој за што се залага и на која страна стои во врска со Брегзитот во таа демократска зоолошка градина на Британците, но големото мнозинство на оние што се за Брегзит мислат дека овој договор во многу важни области не претставува фактичко излегување на Британија од ЕУ. Меј, всушност, веројатно нема ни мнозинство во сопствената партија за договорот.

Ако договорот не помине – а нема – тогаш премиерката Меј најверојатно ќе издржи недела-две на чело на извршната власт, за потоа да мора да си даде оставка од челото на британската влада. Тоа ќе биде еден чекор пред нејзиното заминување од чело и на британската Конзервативна партија. Од таквиот расплет Меј единствено може да ја спаси внатрепартискиот хаос и стравот кај нејзините сопартијци дека ќе треба, заради нејзиниот пад, сите да одат на брзи вонредни избори, со предвидлив катастрофален исход.

Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e