Споделувам добра, малку долга, сеопфатна, малку песимистичка анализа за светот пост короната. Авторите предупредуваат! од изолационизам, национализам, ксенофобија, конфликти околу ресурси, распад на здравствените системи во повеќе земји, распламтување на постоечките и нови конфликти, запирање на глобалните текови, појава на нови авторитарни модели, зајакнување на посточеките, помалку демократија, слабеење на либералните текови насочени кон индивидуата, економски војни, обиди за воспоставување на светски милитаристички хегемони, дури и нова ладна војна.
Јас не сум толку песимист, проблеми ќе има, но мислам дека човештвото ќе ја научи лекцијата. Изолационизмот како модел за живот внатре и сам (САД и западните демократии во страв од странци) го распарчи во парампарчад само еден вирус за неколку месеци. Иаку разделени, последниве месеци нациите и научниците сфатија дека мора да соработуваат за да го победат ова зло. Луѓето се затворени дома но си подаваат рака и храна од балкон на балкон. Од дистанца но соработуваат научници и држави – си делат знаење и помош. Конечно оваа војна не е: нација против вирус туку: човештво против вирус.
Се надевам сум во право иако е потребна мала девијација за се да отиде по ѓаволите. Како што се вели во теоријата за глупоста на хегемонијта: кога хегемонот е глупав меѓународниот систем станува нестабилен и раѓа кризи. Ни треба паметен хегемон (во најлибералната смисла на добар лидер за добро владеење – good governance). Или ни треба и револуција на доброто?
ФБ статус на Валентин Нешовски