Добри избори. Македонија созреа. Честитки за сите. Како новинар или како член на општинска комисија сум следел многу избори. На едни далечни избори како новинар дури бев и „киднапиран“ едно 3 часа на гласачко место во Арачиново, додека нели „се броеа“ ливчињата.
Првична мамурна анализа – мислам дека одлучија „резигинираните“, како што почнав да ги викам последниве денови без зла намера. Оние кои не излегоа првиот круг, сега сепак се појавија. Индикативен за ова е и бројот на неважечки ливчиња 30.442 при една „прилично тешка задача“ да заокружиш избор од две имиња. Значи имало многу Мики Мауси кои излегле револтирани но сепак да направат цензус. Излезноста во општините во западна Македонија се движи околу 20-30 посто (Гостивар 23, Тетово 27, Струга 28, во источна махом над 60 посто) и овие толку важни гласови за внатрешната кохезија и соживотот влијаеле, не викам не, ама не толку драматично. Треба добра математика. Ако не ме мрзи ќе ја правам.
Како и да е најмногу се радувам што оваа Влада организираше фер избори, без лажни лични карти, гласачи од странство, бугарски возови … Тоа е реткост во нашава држава од осамостојувањето до денес. И следните, безмалку сум сигурен, ќе бидат такви.
ФБ статус на Валентин Нешовски