Нема помирување со криминалци

Ви пренесуваме дел од колумната на Мирјана Најческа за Цивил Медиа:

-На оваа држава не ѝ е потребно помирување, туку ѝ е потребен процес на прочистување. Прочистување од партискиот начин на размислување, од партиското договарање и политичкиот, наспроти правниот модус на градба на државата.

Во ниту еден момент од своето постоење како самостојна држава, Македонија не влезе во правните води. Политичките елити ја внесуваат Македонија од една во друга криза, и одново и одново ги уверуваат граѓаните дека, еве, баш во овој момент, се носи она најсудбоносното од сите судбоносни решенија, решение со кое се одредува целокупната иднина на државата.

За политичките партии кризата стана начин на нивното опстојување, начин на избегнување на одговорноста и начин на опстојување на власт без резултати кои се поврзани со интересите на граѓаните.

Охридскиот договор понуди политичко решение без правна завршница и оневозможи градење на правната држава во која ќе бидат промовирани демократските вредности.

Тој продолжи да живее и покрај постоењето на промени во Уставот и законите. На тој начин, наместо да ја градиме државата врз цврсти темели на владеење на правото, ние ја градевме врз живиот песок на партиското договарање и пазарење и делење на колачот.

Пржинскиот договор беше партиски октроиран договор кој понуди моментални решенија кои сега продолжуваат да влијаат како фактор на доминација на политичко-партискиот за сметка на правниот модус.

Ниту еден од овие договори не ја внесе Македонија во водите на владеењето на правото и постепеното градење на системот на демократски вредности. Напротив, секој од овие договори отвори врата на политичкиот дил како единствен начин на водење на државата.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e