Вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека нема да дозволи суетен новинар да ја симне Владата од власт, Советот за етика во медиумите (СЕММ) ја оценува како недолична и несоодветна за носител на јавна функција.
Јас прашувам има ли нешто понеетично и понедолично, понесоодветно од една вака безвезна оценка на најбезвезното тело на најбезвезниот еснаф. Од овој обид на “етичарите” да си обезбедат лежај во кушет вагонот на волшебниот воз кон никаде.
Што е спорно во ставот на премиерот дека нема да дозволи еден суетен новинар да му ја урне владата. Можеби телото мисли дека треба да дозволи да се заебаваат со владата и со него. Зошто Советот за етика не излезе со оценка дека настојувањата на кој било суетен новинар да ја бутне владата се несоодветни за носителот на новинарската функција.
Итн.
И уште нешто многу важно: Каков е тој Совет за етика во еден тотално неетички еснаф, во една професија која е отидена у курац, та дури и преку курацот, оглупавена,корумпирана, деморализирана, имструментализирана, чипирана, раскурцана во некаква мрсулеста односно желатизирана форма погодна за секакво пакување според платежните можности на клиентите. Какво е тоа тело, дали е тоа голо тело, да не е телото, Ел Макферсон да не е или е некое диво тело, диво месо, остаток од еволуцијата на новинарите од важни општествени фактори, во ништо.
Тоа се теми што треба да се дискутираат. А не да се фаќа место во хорот на општествените квачки нашибани со хормони на галамата. Рехабилитацијата на новинарството како посредувач на значењата. Тоа е темата, а не премиерската реплика за суетата на една будала!
Бранко Тричковски