Не е што нема осиромашен ураниум, туку…

Не е што нема осиромашен ураниум, туку е што они навиваат бре да има!
Вака некако изгледа лудата логика на Македонецот кој моли Бога за неуспех, за катастрофа, за болест, за војна, за смрт ако треба, само ако тоа значи пораз за замислениот политички противник.
Ама и тој лично ќе потоне? Ако, што има врска… нека. Битно е да не успеат “другите”‘…
Можеби до некаде ова се должи и на менталитетот, оној нацртан преку комшиските кози, ама во голем дел си е заслуга и е резултат на децениско сеење на омраза помеѓу граѓаните.
Секогаш велам дека милијардите можат да им се кршат од глава, заедно и со затворските казни (ако ги дочекаме) ама која би била соодветната казна за ваков еден злостор? За создавање на вакво неединство, за вакво разјадување на ткивото?
И поважно, како понатаму? Колкави процеси се пред нас на заздравување, дали сте свесни?
Се разбира, тука е и опцијата да ги бојкотираме тие процеси, под притисок на силниот самоубиствен нагон (провоциран од опасни центри на моќ) и помешан со страв од слобода и одговорност, од натпревар и конкурентност, од работа и победи… ама верувам дека ваквата луда логика сепак е малцинска. Конечно, ред е да видиме колку сме, кои сме и што сме, и ако нешто е добро во целава катарза тоа е токму ова соочување со огледалото, да се видиме јасно и себеси и останатите.
Оти, од огледала знаете кој бега, така? 🙂

ФБ Статус на Катарина Синадиновска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e