Многу се неверојатни нашите ефемерни приказни на нашите „задрогази“ националисти – „вемеровци“. Секогаш кога немаат јасна тема и одговор за реалните проблеми во нашата земја, секогаш се фаќаат „за стап“ и, многу предвидливо – удри по првиот географски комшија. Не смееме да си дозволиме да мислиме дека времето на војни е тука околу нас. И мораме сите да влечеме напред – тие предрасуди што војните од минатото ни ги наметнаа – да ги елиминираме кавгите, да седнеме и разговараме и да ги решиме историските разлики.
Нормален и политички став е дека Република Северна Македонија и Република Бугарија во име на европските вредности ќе изнајдат – мора да изнајдат – решение за историјата. Да одиш напред, а цело време да гледаш назад, тоа е погрешно. Да не ја повторуваме историјата, оти секое повторување сѐ повеќе ќе нѐ чини.
Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниов ЛИНК.