Налепници за неработниците

Ви пренесуваме дел од колумната на Катерина Блажевска за Призма:

-Европската комисија дала позитивно мислење за кандидатурата на Македонија за членство во ЕУ и му препорачала на Европскиот совет да ѝ даде статус на земја-кандидат. Во декември истата година одлуката стана и официјална.

Оттогаш до денес поминаа цели 13 години на лет во место. Можеби оваа бројка во глобални рамки наликува на незначајна секвенца од историјата, но во календарот на сите што живееме денес и овде, тоа е страотна загуба на најскапиот ресурс за нас и државата – времето!

Цела генерација седмоодделенци израснале во период во кој е остварено едно големо ништо. Според неформални пресметки, ако секој ден редите по една тула, за 13 години може да изградите пристојна куќа. Ако човек за просечен животен век поминува 170.000 километри, за 13 години неколкупати пеш ќе стигне до Брисел.

Но, зборуваме за институционален, а не за приватен пат. И сега кога конечно сме пред можноста следната пролет да направиме исчекор од тоа статус кво, едни притискаат на гас, други креваат рачна. Не може ништо да се движи ставено под притисок на дихотомни команди. Двотретинското мнозинство во парламентот дава надеж дека процесот ќе тргне, но прашањето е зошто сите да не дадат придонес во истата насока.

Мицкоски во Хелсинки веќе доби неколку јаки „заушки“ на тема европски вредности, интеграција и демократија. Но, побрза да ги демантира надежите на европските партнери дека ќе има какво било преиспитување на партискиот однос кон процесот во парламентот и внатрепартиската демократија. Работата ја сведе на став дека „челните луѓе на ЕПП биле дезинформирани за актуелната ситуација во Македонија и дека се покажало кој е изворот на тие дезинформации“.

Целата колумна на Призма на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e