Најчевска за Силјановска: Тоа што е жена и возрасна е добро, се останато е труба

Гордана Силјановска како кандидат за претседател има две добри карактеристики.
Прво – тоа што е жена.
Второ – тоа што е повозрасна.
И тука запира доброто.
Она што е најстрашно кај нејзе како кандидат е тоа што не нуди ништо ново. 
Стара реторика, стари цели, минати идеи, веќе видени и чуени и доживеани активности.
Едноставно достоен претставник на партијата која е свртена кон минатото и чиј највисок дострел е лошо препишување од оние кои знаат или, имитации на некој оригинал.
Во тоа (препишувањето) се мешаат и христијани и партизани и меѓународни органи и организации и демократски вредности и конзервативна методологија и баби и жаби, и социјала и законодавна власт и право и …, се на еден куп.
Таков и кандидатот. Кармакашија од контрадикторни изјави, противречни ставови, мешавина на вистини, полувистини и невистини, добро зачинето со себефалење, подмачкано со навреди и омаловажување и ставено во калапот на национализмот.
Значи да повторам, тоа што е жена и возрасна е добро, се останато е труба.

ФБ статус на Мирјана Најчевска 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e