Најчевска: Време е да се вратат украдените пари од Скопје 2014 кои сега се потребни за борба со кризата во која запаѓаме

Време е да се вратат парите.
Ама не од учителите и социјалните работници и шалтерската администрација (дури и оние кои се примени со партиски книшки). Не треба да се бараат парите од јавниот сектор (кој треба да биде реформиран, но не и уништен).
Не.
Време е да се вратат украдените пари од грабежот на денационализацијата и од урбаната мафија и од секоја будала која од позиција на градоначалник, парламентарец, министер, директор, премиер, нагло се збогати и изгради по две-три хациенди и изнакупи имоти во странство и отвори сметки на разноразни острови.
Ете тие пари се потребни сега за борба со кризата во која запаѓаме.
Оние испраните и сега чисти пари од Скопје 2014, и парите на сите новопечени богаташчиња кои одеднаш така преку ноќ изградија десетици станови, хотели и болници и фабрики и хидроцентрали и аптеки и …
Наместо да се глодате меѓу себе, побарајте ги тие пари. Не се залажувајте дека тие ја одржуваат државата. О не. Тие ја шмукаат, ја цедат ја ограбуваат државата.
Државата ја одржуваат обичните граѓани, со својата работа и со своите придонеси, а не газдите.

ФБ статус на Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e