Најчевска кажа зошто и како ќе гласа на референдумот

-Јас нема да го бојкотирам референдумот затоа што тој претставува начин мојот глас да се слушне и да има влијание. Затоа што референдумот претставува највисок облик на непосредна партиципација на граѓаните во остварувањето на власта. Затоа што референдумот ја ограничува самоволната власт. Затоа што е тој алатка на демократијата која била со крв извојувана.

Јас ќе излезам да гласам на референдумот затоа што мојот глас е важен, затоа што имам мислење за поставеното прашање и затоа што имам став за поставеното прашање кој сакам да го кажам.

Јас ќе гласам позитивно на поставеното прашање на референдумот од две причини.

Прво, мислам дека договорот со Грција е сам по себе добар договор затоа што овозможува да мрднеме од мртвата точка на која сме заглавени веќе четврт век, затоа што е балансиран и компромисен, и, затоа што е правно издржан.

Целиот став на професорката Најчевска читајте го на ЦивилМедиа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e