Најчевска го испрати Мицкоски на поправен: Ништо не си разбрал

Ништо не си разбрал. Никој не се буни против построги критериуми туку против бесмислени критериуми кои ја замаглуваат сликата и овозможуваат и такви како тебе да станат професори.

Ова го напиша професорката Мирјана Најчевска како реакција на премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека не ги прифаќа нападите дека Законот за високо образование има престроги критериуми, а притоа како што рече нема ниту еден универзитет во државата кој што е во првите 2500 најдобри на Шангајската листа.

„ДПМНЕ го уништи високото образование и немуштите кадри без трунка знаење и интелектуален капацитет сега продолжуваат да создаваат хаос кој ќе обезбеди опстојување на корупцијата и напредување на најнесоодветните кадри„, обвинува Најчевска.

Таа вели дека образовниот простор го освоија луѓе без знаење.

„Кога ќе го уништиш правосудниот систем и ќе го уништиш образованието создаваш најпогодна почва за освојување на просторот од страна на луѓе кои немаат ниту интелектуални предизпозиции ниту пак елементарно знаење – ДПМНовци“, напиша професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e