Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ерол Ризаов за Независен Весник:
-Знаеме кој ќе ги почне преговорите со Европската Унија и кој ќе ги предводи и остварува најтешките етапи од поглавјата што се мерило за успешноста на реформите. Тоа ќе бидат тимовите и институциите предводени од овој владин состав. Но додека се стави конечниот потпис за редовно членство во ЕУ ќе се сменат повеќе влади и парламентарни состави. Не знам уште колку време им треба на нестрпливите, кои везден лелекаат да се вратат на власт, да ја осознаат оваа голема веројатност, но би требало конечно да им текне, ако останало уште грам разум во главите на партиските лидери на опозицијата и тие да ги повикаат граѓаните масовно да излезат на референдум да ја запечатат европската иднина на Македонија.
Ќе бидат избришани од политичката карта на Македонија и тоа ерга омнес, ако не бидат учесници на најзначајниот историски настан од осамостојувањето на Македонија до денес, а според некои историски параметри од АСНОМ до денес. Референдумот со над 90 процени „да“ за Европа и едногласните уставни промени во парламентот се влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ, двата најголеми политички, економски и воени сојузи во светот. Тоа е најголемата гаранција за безбедна и просперитетна иднина. Подобра нема.
Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.