-Ова не прва опасност која му се има закането на човештвото. Сме имале Крстоносни војни, Прва, Втора Светска војна, сме имале епидемии и пандемии на колера, ебола, тифус итн, да не ја спомнуваме СИДА, да не ги спомнуваме модерните “пандемиоидни” болести како дијабетот, кардиоваскуларните заболувања, канцерите, белодробните заболувања итн. Па ако се потсетиме пред 30 години, беше скоро сигурна смрт кога ќе добие пациентот инфаркт на срце, а денес, во Р.Северна Македонија, имаме 11 ангиографски сали и 3 кардиохируршки центри, каде влегува пациент на умирање, а веќе наредниот ден си оди здрав. Така и со оваа пандемија, на крајот од денот ќе и го најдеме “чарето” и повторно човештвото ќе излезе како сигурен победник.
Имам само една порака за крај, порака која ја слушаме секојдневно, но тоа е многу битен гест , со кој сите заедно и побрзо ќе се избориме со овој Корона вирус:
НИЕ СМЕ НА РАБОТА ЗА ВАС, ВИЕ СЕДЕТЕ ДОМА ЗА СИТЕ НАС !!!
Ќе издржиме, ќе победиме и ќе излеземе уште посилни и посплотени од било кога, зошто ние сме силен и горд Македонски народ!!!
Целото интервју со д-р Сашко Николов, интервентен кардиолог, началник на оддел за Кардиологија, Клиничка болница – Штип за Истокпрес прочитајте го на следниов ЛИНК.