Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Кокаланов за Призма.
Синнхронизираното минирање на решението Република Илинденска Македонија во Скопје и во Атина ми дава за право да се сомневам дека Мицковски и Мицотакис се всушност еден ист човек, со две различни имиња за домашна употреба, едно за во Македонија, друго за во Грција. Нешто како Горан Грујовски и Христо Атанасов, или како Никола Бошковски и Неџби Хасан, ако повеќе сакате. Две имиња, два пасоша, а еден ист човек.
Дури не сум сигурен ни дали Мицковски ќе успее до крајот на овој брак од (политички) интерес да си го задржи моминското презиме, или, сепак, во еден момент ќе го земе презимето на партнерот (од Европските народни партии) Мицотакис за севкупна употреба. Мицотакис ерга омнес. А и сеедно е, зашто без разлика на името, пардон – презимето, сѐ додека од нив зборува еден ист глас (со изразито руски нагласок), нема(ат) гајле.
Информациите дека германската канцеларка Меркел им свртела телефон на Заев и на Ципрас за да го одржи олимпискиот преговарачки оган жив се добра вест, ама наместо ќотек на самарот, мислам дека е време да му се удрат неколку стапа на магарето чијшто инает го заглави растоварувањето од четвртвековниот спор, и тоа на еден чекор од целта.
Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.