-Нешто ми падна во очи уште пред неколку дена, кога ги гледав групните фотографии и селфијата од посетите на Филипче на разни клиники низ Скопје, на одделенијата кои се во првите редови на „фронтот“ во борбата со оваа подла вирусна корона: на тие слики забележително повеќе има насмеани жени од мажи, во бели или светло сини мантили.
А потоа малку и прочепкав, па во последните објавени податоци од регистерот на вработените во јавниот сектор (за 2017 година, ама тоа и не се менува многу од година во година) пронајдов дека жените се и онака помногубројни во јавниот сектор од мажите: 54 наспроти 46 отсто. (Додуша, читам дека од оваа статистика, којзнае зошто – државна тајна! – се изоставени вработените во МВР, АРМ и Агенцијата за разузнавање, каде, без сомневање, бројот на мажи веројатно е драстично поголем од жените.)
Кога уште малку ќе ги разгледате тие статистики, ќе дојдете и до податокот кој, за потребите на овој текст, објаснува сè: во нашето здравство, официјално, има два и пол пати повеќе вработени жени (72%) од мажи (28%). Нека не ве збунува бројот на мажи на раководни места во здравството, од министерот и директорите по клиники, па надолу, бидејќи таму, кога не се кариерите во прашање, сепак превладувачката грижа е во „женски раце“.
Мој длабок наклон, храбри дами! Вие сте нашите светилници во овие мрачни времиња.
Целата колумна на Сашо орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.