Не заради мафијашкото владеење со државата, или заради уништените човечки судбини и украдените милијарди евра. Не затоа што заслужија да им се врати за единаесетгодишното брутално кршење на основните демократски и човекови права. Ниту затоа што на крајно арогантен и дрзок начин распишуваа вонредни избори кога ќе им се посакаше, без за тоа да ја консултираат, бараат мислење или согласност од опозицијата. Најмалку заради неспособното актуелно раководство, кое како продолжена рака на унгарскиот бегалец треба да заврши на друга дестинација, не во Собрание или Влада.
Заради целосното функционирање на сите државни институции и адекватно справување со пандемијата на коронавирусот, заради здравјето и иднината на граѓаните, заради европските перспективи на државата, заклучно со 8 јули избори треба да има!
ФБ статус на Зоран Милошески