Зошто некои луѓе не можат да разберат дека законите не се носат за кој како стигне да ги толкува според сопствено убедување, туку за нивно дословно применување? Без разлика дали ни се бендисуваат, дали се согласуваме со нив, дали сметаме дека се добри или лоши. Оттаму, „смелите“ коментари од поединци дека повеќе нема да го почитуваат полицискиот час, дека нема да носат маски или друг вид на одбивање да ги спроведуваат уредбите на Владата поврзани со пандемијата, најблаго речено се неразумни!
„Браќа и сестри“, несогласувањето со законите не значи дека имате право да бидете изземени од обврската за нивно спроведување! Или спроведувајте ги, или влезете во политиката па менувајте ги! Или пак платете си ја од џеб вашата тврдоглавост. Ионака буџетот од некаде треба да се полни.
ФБ статус на Зоран Милошески