Милошески за ВМРО-ДПМНЕ: Отсуство на политичка зрелост и недостиг на елементарен демократски капацитет

Само еден ден после официјализирањето на Горан Сугарески за кандидат на СДСМ за градоначалник на Прилеп, со одржаната прес конференција ОК на ДПМНЕ на дело покажа дека:
1.Не направиле никаков позитивен исчекор од губитничката политика на Грујо;
2.Имаат паничен страв од самата помисла на извесниот пораз кој ќе го доживеат на октомвриските локални избори.
Она што е поразително за нив, е манифестираното отсуство на политичка зрелост и недостигот на елементарен демократски капацитет, неопходен за било која политичка партија.
Искажаните лаги, инсинуации, клевети и конструкции на адреса на кандидатот за градоначалник на СДСМ со намера за негова лична дискредитација, е дното кое може да му се случи само на незрел и недоквакан политички субјект.
За работите да бидат појасни: Сугаре е ценет и почитуван граѓанин на пошироката заедница, со CV за какво дружината на Мицко може само да сонува и политичка кариера која ќе кулминира со победа на претстојните локални избори и освоен мандат за градоначалник на општина Прилеп!
#Сугаре#НајдобротоЗаНашатаОпштина
ФБ статус на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e