Овој булевар е 800 пати поевтин од „Скопје 2014“ и 60 пати поевтин од имотот на ВМРО-ДПМНЕ кој што е над 60 милиони евра. Поевтин е и од лавот во Скопје, за кој беа платени 1,4 милиони евра или од златните огради во Скопје од 1,8 милиони евра. Тоа се пари и на прилепчани.
• Во овој момент се трансферираат 4,5 милиони денари за изработка на проект за театарот, кој што следната година ќе почне да се гради во Прилеп. 6 милиони денари ќе бидат издвоени за Кејот „1 мај“, уште 54 милиони денари за два проекта: за реконструкција на главниот цевковод на водоводот од „Пашалиска ливада“ до главната шахта во Прилеп и за водоснабдување за манастирот Трескавец.
• Во март започнува изведбата на автопатското решение Прилеп-Битола, вреден 100 милиони евра. Следната година започнува и секундарната гасификација на Прилеп, а интензивно се работи на патот Велес-Кавадарци-Прилеп преку Дреново.
ФБ реакција на Зоран Милошески на веста за официјалното пуштање на реконструираниот булевар „Гоце Делчев“ во Прилеп