Ваков простак кој од позиција на премиер врши атак врз личниот и професионалниот интегритет но и врз самостојноста на обвинител, Македонија досега немала!
Имено, од причина што во своето тефтерче не може да ја штиклира како „подобна“, не може да ја контролира и да и’ нарачува поднесување или повлекување на обвинителни акти, премиерот Мицкоски ја нарече обвинителката Ленче Ристоска „медиокритет со клиентелистичко-политичка матрица“.
На поднесената претставка на Ристоска до телото кое треба да биде гарант на самостојноста на обвинителите, Советот на јавни обвинители, нејзините колеги одговорија дека немало доволно докази за загрозување на професионалниот интегритет на Ристоска!? Со што, вклучувајќи го тука и новиот јавен обвинител, покажаа дека не се ништо друго освен обични полтрони и слепи извршители на нарачките од Белата палата.
Инаку денешниот датум, 31 март, е Ден на правосудството.
Се’ до некои подобри времиња кога со полно право ќе може да се зборува за независност на македонското правосудство, треба да се прогласи мораториум на одбележување на овој датум од страна на судската фела.
ФБ став на Зоран Милошески
